Алибаба, шопинг катче за диктатори

На онлајн сервисот Алибаба се продаваат куп справи и алатки за мачење. На прв поглед, се купуваат за сексуални фетиши. Но, анализи покажуваат дека најсериозни купувачи се држави со диктаторски режими.

Лисици, ланци, електрични штитови, електрични пендреци... Над сто кинески компании произведуваат алатки и справи за мачење кои наголемо се продаваат преку гигантскиот онлајн продавач Алибаба.

Фактот ги заинтересирал и луѓето од Амнести Интернешенел кои утврдиле дека добар дел од справите се нарачуваат во големи количини а дека главни купци се држави од Африка, југоисточна Азија и Јужна Америка.

Организацијата тврди дека огромен дел од овие нарачки е наменет за тамошните диктаторски режими или полициите кои насилно спречуваат демонстрации.

Велат дека постојат докази дека со опрема од Alibaba.com биле угушени побуните во Уганда и ДР Конго за време на изборите во 2011-та а дека кинеските електрични пендреци купени од овој сервис ги користат полициските сили во Гана, Сенегал Египет и Мадагаскар. 

Обединетите нации у ЕУ имаат донесено платформи за забрана на продажба на справи кои можат да се користат за имзачување луѓе, но кинескиот сервис не е баш расположен да проверува каде завршуваат производите од таа платформа.

Инаку, Алибаба е последниот миленик на Вол Стрит откако при излегување на берзата ги сруши рекордите постигнувајќи цена од 25 милијарди долари.

15 октомври 2014 - 16:49