Зошто ти треба "теткица" на работа

Како што ги минуваат 40-ти, 50-ти и 60-ти години така станува се потешко да задржиш жена во компанија, пред се затоа што жените со амбиција на оваа возраст, повеќе немаат намера да го следат и да работат по машки распоред.

"Тие се повлекуваат, се откажуваат и почнуваат нешто свое. Тие сакаат повеќе контрола, флексибилност; еден ден ќе се најдат на уште еден состанок каде слушаат уште една себе-воздигачка анегдота од уште еден машки претпоставен кој не чувствува никаква итност да си оди дома и тогаш ја достигнуваат својата граница. За многу, дури и за најамбициозните жени, притисокот од конвенционалната, права траекторија (на успех) изгледа неостварлива, посебно ако притоа имаат и деца за чување," пишува Лиса Милер во Њујорк Магазин.

Таа наведува неколку причини зошто ти се потребни постари жени на работа:

1. Затоа што е добро да имаш разноликост меѓу вработените.
2. Студиите покажуваат дека жените добро си ја вршат работата. Според извештај од Дау Џоунс од 2012-та, компаниите со барем една жена во менаџментот, имаат поголема веројатност за успех, отколку кога тој е составен само од мажи.
3. "Како што истакнува Ен Вајсберг, жените кои имаат постигнато одредено ниво на успех до средовечна возраст веројатно веќе имаат повеќе искуство во она што се нарекува 'тезга' економија, отколку мажите на иста возраст кои повеќе од деценија газат во иста компанија."
4. Затоа што жените се движат напред - назад меѓу дома и работа, затоа што работат ефикасно ама не во "работни часови," со што до некаде се имаат адаптирано на новиот начин на водење бизнис. Сега мажите кои очекуваат сигурна плата и стабилно напредување во кариерата, се тие што треба да се адаптираат.

7 август 2015 - 11:36