Експертите се гола вода

Исто како и со гатачите, постои неверојатна тенденција да им се верува и на „експертите", и покрај тоа што недостасуваат докази за нивната способност нешто да предвидат.

Ако прашаш доволно луѓе за совет, на крај ќе најдеш некој што ќе ти го каже она што сакаш да го чуеш. Како што објаснува Филип Тетлок во неговата книга "Експертско политичко мислење," луѓето им веруваат на експертите и покрај тоа што таа доверба не се базира на некои претходни успешни резултати.

Како што тој пресметал, колку повеќе е проминентен некој експерт, толку полош е неговиот вкупен резултат. Во книгата Тетлок објаснува дека политичките експерти се полоши во предвидувањето отколку најобичните алгоритами.

Кога се работи за финансиски предвидувања, еден од најуспешните инвеститори на светот, Ворен Бафет, порачува дека не е можно с да се предвидува на краток рок. Но и покрај ова, голем број економисти заработуваат добра живеачка од давање на совети.

Прва причина за ова е што во финансискиот свет секојдневно се објавуваат илјадници податоци што инвеститорите не можат сами да ги анализираат, затоа се потпираат на советот од експертите. Втора причина е психолошкиот момент, кога инвеститорот сака да плати за советот, за подоцна не зажали што не платил, или да треба самиот себе да се обвини за неуспехот.

Иако одредени совети се покажале екстремно корисни, проблемот е што таквите совети не се толку често потребни, што пак ги ограничува потенцијалните хонорари што експертите би ги направиле.

11 јуни 2012 - 12:10