Ако сакаш да завршиш работа, прави пауза

Машините се смислени со единствена цел да работат 24 часа, па и покрај тоа знаат да крахираат. Ти не си смислен да работиш 24 часа.

Под работа не се подразбира само физичка работа, или канцелариска, туку и делот што се води како домашни обврски, и одржување на контактите во нашите социјални мрежи, виртуелни и стварни.

Роберт Појнтон од универзитетот Оксфорд, во својата кариера работи со „стотици лидери од цел свет и од сите сфери“. За сите нив е заедничко што кажуваат дека треба да имаат подобар баланс меѓу „работа и приватен живот“, ама никој од нив ниту точно знаеш тоа значи, ниту како да го спроведе.

„За разлика од нив, луѓето што се добри во импровизирање изгледаат како секогаш да имаат време, и тие никогаш не се во гужва ниту брзаат.

Тие знаат како да паузираат. И ова, а не нивната способност да размислуваат брзо, им овозможува ефикасно да реагираат во ситуации кои ниту можат да предвидат ниту да ги контролираат,“ објаснува Појнтон.

Притоа Појнтон не нуди временски прецизен распоред со наведување на секоја можна пауза што треба да ја правите, туку е прилично либерален и остава на вас да одлучите. Во личниот пример, тој објаснува дека кога пишувал труд, кратките прошетки му вршеле многу повеќе работа отколку дополнително концентрирање. Или кога му доаѓале гости (работел во Шпанија), дисконектирањето од проектот му отворало нови начини за решавање на проблемите.

„Времето (хронолошко) не е секаде исто. Сфатив дека паузата не е ништо. Таа делува како еден вид прекинувач или отвор,“ пишува Појнтон.

За почеток Појнтон предлага „да се воведе пауза во денот и да почнеш да следиш како и каде правиш пауза (или не правиш). Оваа промена почнува да го менува твоето однесување, правејќи повеќе да обрнуваш внимание на времето кога си имал повеќе корист од паузата, или од паузите од различен тип.“

„Следењето на тоа кога правиш пауза е поинаков начин на размислување за твоето време. Те тера да мислиш на откривање на твојот ритам, а не на менаџирање твоето време; за составување на твојот живот, а не да станеш попродуктивен.

Животот е многу повеќе отколку само завршување работи. Времето не е производ. Времето, какво што ние го искусуваме, значително варира. Една минута мината во јадење сладолед не е истата како една минута мината во правење склекови.

Дури ни самото време не е униформна суровина. Немој да мислиш на времето како линеарно, регуларно и објективно, и сфати го на ист начин како што го доживуваме - еластично, варијабилно и со повеќе слоеви. Наместо да ги спротивставиш животот и работата еден против друг, користи ги паузите за да го зголемиш своето искуство. Паузите се како квасец: не ти треба многу, но се клучна состојка,“ објаснува Појнтон.

2 септември 2019 - 13:31