Во виното е паметот

Дегустирањето вина може да го стимулира мозокот многу повеќе откоклу некои други активности, како на пример решавање тригонометриски проблем. Па вие удрете математика. 

Пред да преминеме на деталите, да разјасниме дека заклучокот важи за сетилното испитување и евалуација на виното, а не за вообичаеното истурање вино во организмот преку усната шуплина. 

Клучен фактор за дегустирачкото раздвижување на мозокот е „концентрираната дискриминација на вкусови“, објаснува професорот по неврологија Гордон Шепард, автор на книгата Невроенологија.

"При дегустација се инволвираат повеќе сензорни и моторни системи, се будат концептуалните централни системи за когнитивност и меморија, исто како и истемите за емоции и уживање. Заради тоа мозокот е поангажиран отколку кога се слуша музика или се решава математика, активности кои ангажираат помал број системи“, објаснува Шепард. 

Еден од клучните елементи е што во дегустирањето, извор на вкусовите до кои доаѓаме не е самото вино туку и она што нашиот мозок го креира. Слично како кај боите кои се сведуваат на игра меѓу светлината, објектите, различните бранови должини и мозокот.

„На истоветен начин, молекулите во храната и виното сами по себе немаат вкус но сензорните системи ја креираат нашата перцепција за вкусот,“ вели Шепард.

На прашањето дали и дегустирањето чоколадо или маслиново масло на ист начин го оживува мозокот преку „концентрираната дискриминација“, Шепард одговара:

„Во принцип да, но поентата е што виното, речиси цело, е создадено од молекули кои го компонираат неговиот вкус додека кај храната постојат молекули чија намена е да обезбедат нутритивна вредност. Затоа винските сомелиери можат најпрецизно да се концентрираат на детали околу вкусот“.

14 септември 2018 - 14:06