Мамурлак: утрото потоа и човечката потрага по чаре

Или е најпожртвуваниот човек на светот за доброто на своите мамурни браќа и сестри или е некој кој фино ја маскирал својата заљубеност во алкохолот со алиби дека го бара најдобриот лек за мамурлук за да го сподели со другите. Вика го нашол, а ние па имаме и линк.

Шогнеси Бишоп - Стал е професор по книжевност од Торонто, поранешен сопственик на бар и автор на книгата чиј наслов ја краси и оваа статија.

За да ја напише книгата му била потребна цела деценија во која решил да се потпира првенствено врз личната емпирија. Бескрајно се опивал и бескрајно пробувал разни трикови за „утредента“.

Вика дека тргнал во овој храбар потфат бидејќи бил незадоволен од модерната медицина иако на крајот сепак повторно дошол до неа. Малку за неговата методологија: за да ја утврди стартната позиција, прво ќе се опиел со нешто запишувајќи што и колку испил. Потоа десетици пати ја повторувал истата алкохолна „плејлиста“ ама со разни „подобрајзери“, оние кои се земаат додека пие или пак во оној период меѓу пиењето и спиењето. Утредента запишувал кои од нив колку вршат работа.

Минал стотици и стотици „терапии“, пробувајќи и нестандардни решенија меѓу кои јагули и закиселени јагнешки очи.

За среќа, чарето не е ова последново. Бишоп Стал тврди дека го нашол супер-херојот против мамурлукот кој се конзумира меѓу последната чашка и моментот кога се онесвестуваш. Се вика „Н-ацетилсистин“, на продукти ќе го најдете со кратенката NAC. Препорачаната доза е 1.500 милиграми. Инаку, овој дериват од аминокиселина се има користено во случаи на предозирање од парацетамол, како и за разбивање на вискозноста на  мукозата во случаи на фиброзни заболувања.

Не сите се согласуваат со него. Гастро доктор од Менхетн вели дека ацетилсистинот е повеќе за заштита на црниот дроб кај сериозни алкофили отколку за мамурлак.

Сепак, алхоколниот „Лорд оф д Рингс“ топло го препорачува препишувајќи му „магични својјства“. Тврди дека заедно со NAC-от е фино да се земе и Б1, Б6 и Б12 а помагал и екстрактот босвелија кој инаку се употребува против артритис и астма.

Страдалникот признава дека таа истражувачка деценија си го има собрано данокот. Добил на килажа, кардиоваскуларниот систем не му е како некогаш а и со нервите не стои најдобро.

Реално, после десет години, тие работи не можеле да му тргнат на подобро и да не пиел.

А да, линкот.

*****

Види и:

По 10 милиони години го победуваме мамурлукот!

Зошто мамурлукот тера на секс?

Како да пиете за Нова Година а да не бидете "оној кој се уби"

Мајсторе, претна!

6 декември 2018 - 12:10