Лајт-пиво, најуспешниот маркетинг трик што светот некогаш го видел

Бад лајт се појавува во 1981, до 1990 продажбата на лајт-пива изнесува 28% од вкупната продажба на пиво. Изминативе години, лајт-пивата зафаќаат седум места на списокот на десетте најпродавани пива во САД.

Изумител на лајтот е Џозеф Овејдс, биохемичар кој го користи сето свое познавање на наука за да ја истражи интеракцијата на квасецот со скробот во сладот. Тој открива ензим во квасецот кој отстранува голем дел од скробот додека во исто време осигурува дека пивото ќе ги задржи квалитетите на пиво. Резултат на ова е создавањето на диеталното пиво Габлингер, тогашниот работодавец на Овејдс.

Негова инспирација е "општото мислење дека пиењето пиво те дебелее. Луѓето во тоа време не џогираа, и сите веруваа дека луѓето што пијат пиво мора да имаат голем и дебел стомак. И точка. Не можев ништо да направам околу вкусот, но можев да направам нешто околу калориите."

Сепак диеталното пиво не успева, а слична судбина има и дотогашниот работодавец на Овејдс, пиварата Рајнголд, која по неколку спојувања на компании завршува како дел од Милер. По овој пат рецептот на Овејдс завршува кај Милер, што по кратко време доведува создавање на Милер лајт, кој се појавува на пазарот во 1975 и е инстантен успех.

Иако создавањето на лајт-пивото генерално е покриено од Овејдс, главниот проблем што треба да се реши е конзистентноста на производот, посебно во опсег во кој работат големите пивари.

"Во сите 137 пивари на Анхаусер-Буш низ светот, Бадвајзер и Бад Лајт минуваат точно 5 и пол денови на примарна ферментација и 21 ден одлежување, сите на 50 степени фаренхајт, плус или минус еден степен. Малку над ова и пивото ќе биде густо и издишано, наместо чисто и свежо," се објаснува во текст на Ментал флос околу постапката за правење лајт-пиво.

Имајќи ја моќта која Рајнголд не може ни да ја сонува, Милер ја започнува веројатно најагресивната маркетинг кампања во своето постоење, истовремено започнувајќи ја и маркетинг "трката во наоружување" која трае и ден денес.

Сето ова станува премногу големо за Анхаусер-Буш да може да си дозволи да го игнорира, па и тие почнуваат со производство на лајт-пиво. Им успева дури од трет обид, првиот рецепт е Натурал лајт, вториот е пивото Мишелоб лајт, и третиот, во кој компанијата и најмногу инвестира, доаѓа во 1981 во форма на Бадвајзер лајт (подоцна скратено на Бад лајт).

Веројатно најдобриот коментар околу успехот на лајт пивото доаѓа од интервју од 1998, од магазинот Чејн дрог ривју:

"Пивопиите можеби се мрзливи, ама кога не можат да се натераат себе си да симнат некое кило со вежбање тие сакаат барем да го забават дебелеењето. Па ако пијат лајт пиво додека јадат чипс, можат да се убедат дека не си го запоставуваат здравјето."

И покрај ваквата логика, Медикал дејли појаснува дека пиењето потешко пиво има одредени здравствени поголеми бенефити од лајт-пивото, па така на пример 0,25 Гинис има 126 калории, што е на пола пат меѓу обичен Бадвајзер (145 калории) и Бад Лајт (110 калории), "дополнителен бенефит на ова е што не пиеш Бадвајзер."

17 август 2016 - 15:12