Како кокаинот стана толку евтин?

Еден од аргументите за неуспешноста на војната против дрогата е и фактот што во изминатите 3 децении цената на кокаинот падна меѓу 80 и 90%.

На кратко, причината за ова е масовното производство. Во 80-те кокаинот уште е мал бизнис, листовите кока се обработуваат по подруми во распаднати куќи во некое колумбиско предградие а шверцот обично вклучува еден или двајца луѓе. Дури и Пабло Ескобар во тоа време морал да лично да го шверцува кокаинот во својата актовка.

Со растот на побарувачката нарко-босовите сосема одговорно работат на модернизирање на производството, транспортот и продажната мрежа. Овие мерки во идните 10 години ја намалуваат цената за 60%.

На производителите им биле потребни неколку години за да го зголемат производството. По 2 - 3 години најголем дел од дилерите поседуваат мали авиони, па сега можат да транспортираат по еден тон кокаин во една пратка (во куфер не можеш повеќе од 50 кила).

До крајот на 80-те кокаинот се шверцува и со бродови и подморници. Нарко-босовите имаат изградено комплекси во кои се вработени стотици луѓе, кои произведуваат неколку тони кокаин неделно.

Тие дури воведуваат и механизми за намалување на ризикот за шверцување, а Ескобар им нуди осигурување на малите шверцери (за 10% од промет) и им ја надоместува целата роба што евентуално би им била запленета.

Во 2007-ма грам чист кокаин во САД се продава за 140 долари, 80% поевтино во споредба со 1982-ра.

Освен производството, причина за намалување на цените има и заради промените во продажната мрежа. Според проценките на професорите од Универзитетот Карнеги Мелон, околу 33% од цената на кокаинот оди на компензирање на шверцерите и дилерите. Но заради намалување на насилството и ризикот за нив, тие почнале помалку да бараат за своите услуги.

Дилерите имаат голема корист и од технологијата, па наместо стоење по улици, тие бизнисот го вршат преку мобилен. Со што ја прошируваат мрежата на купувачи и ја намалуваат изложеноста на насилство.

 

17 април 2012 - 11:18