Ајде да се лечимо да нам очи сјаје

Звучи тотално погрешно ама има есап, а тоа некогаш е врвен критериум во модерното здравство. Канадска студија покажала дека на тешките зависници од хероин е подобро (читај: поефтино) наместо метадон да им се дава диацетилморфин. Да преведеме на нашки: диацетилморфинот Е хероин.

Давањето хероин во контролирани услови на долги патеки е многу поефтино и поефикасно од стандардната метадонска терапија, покажала канадската студија.

Иако сама по себе хероинската терапија е 10 пати поскапа од метадонската, општеството долгорочно може да заштеди и до 40.000 долари за еден пациент.

Заштедите првенствено се должат на едноставниот факт дека кога на зависниците од хероин им се дава хероин, тие решаваат подолго да ја примаат терапијата (sic!). Со тоа паѓа нивниот удел во вкупната трговија со нелегални дроги и се намалуваат штетите од криминалот инициран од зависноста.

Сепак, ваквите сугести не мора да важат за сите корисници на хероин бидејќи во студијата учествувале само најтешки хероиномани кои и покрај редовната метадонска терапија неколкукратно му се враќале на хероинота таквите учествуваат со околу 15-20 посто во вкупиот број зависници. Дополнително, една петина од зависниците сами се префрлуваат на метадон заради избегнувањето на честото боцкање.

Терапијата со хероин е и практично покомплицирана со оглед на тоа што е потребно инјектирање на 4-6 часа додека метадонот се препишува орално а дозата трае 24-36 часа. 

Европа веќе има неколку позитивни примери од програми со хероинско одржување но обидите за нивна примена во Канада предизвикаа остри политички противења.

16 март 2012 - 07:20