Веројатно најважната победа на човештвото

Хомо сапиенсот пред десетици илјади години успева да ја извојува клучната победа над неандерталецот благодарејќи на нешто што се нарекува „уникатна еколошка пластичност“, што во основа значи дека нашите предци (за разлика од неандерталецот) успеале да избегнат изумирање затоа што можеле да истражуваат и да се адаптираат.

„Способноста да се населува во екстремно различни предели и способноста да учи специјализирани вештини неопходни за напредување на тие места значи дека нашиот вид заземал нов еколошки ниш - оној на ’генералист специјалист’,“ објаснуваат докторите Патрик Роберт и Брајан Стујарт во студијата објавена во журналот Nature Human Behavior.

Двајцата објаснуваат дека ова не значи дека останатите припадниците на родот хомо, како хомо флоресиенсис (човекот од Флорес) и хомо еректус, не мрднале од Африка, туку дека тие останале во околина во која се чувствуваат комфорно и која е мешавина од шуми и пасишта. За разлика од нив хомо сапиенсот населувал и не така пријатна околина како пустини или тропски дождовни шуми.

Претходните претпоставки беа дека преживувањето на нашиот вид е поврзано со способноста да се создава и комуницира, меѓутоа се повеќе научници сметаат дека и останати, денес изумрени хомини како неандерталците, имале способност за изразување и грижа за заедницата.

1 август 2018 - 11:11