Кој би ја изнајмил Меѓународната вселенска станица?

Се изнајмува: функционална вселенска станица моментално во вселената, со простор за 8 луѓе и фантастичен поглед кон Земјата. Може да се користи како хотел, лабораторија или занимална без гравитација. Цена: 3 до 4 милијарди долари годишно.

Во барањето за нов буџет, Трамп побара од НАСА да се откаже од Меѓународната вселенска станица и да почне да ја истражува Месечината како прв чекор кон стапнувањето на Марс. Планот за трошење става крај на финансирањето на МВС во 2025, кога парите од даночните обврзници треба да се заменат со приходи од приватни компании. Во предлогот се одвојуваат и 150 милиони долари „за да им се помогне на компаниите да се адаптираат на новата индустриска зона“.

НАСА и останатите вселенски ентузијасти со години зборуваат за приватизирање на станицата, а соопштението од понеделникот е прв пат идејата да биде поддржана од Белата куќа.

„Поборниците за мисија до Марс забележуваат дека НАСА троши премногу пари на одржување на МВС во орбитата, и дека тоа ја дефокусира мисијата на вселенската агенција во однос на истражување на вселената. Според нив со ставање на краен датум до кога владата на САД ќе ја помага станицата, може да започне нејзиното ново поглавје,“ пишува Ерик Нилер во Вајард.

Меѓу предлозите за разработување на вселенската индустриска зона, е таа да биде поделена меѓу повеќе бизниси, а не да биде оставена на една компанија (моментално Боинг ја одржува станицата за НАСА). Пример еден дел да биде вселенски хотел, друг да биде опремен за производство во нула гравитација, а трет за лабораторија за лекови во нула гравитација.

Сумата од 150 милиони долари треба да помогне во адаптирање на станицата за потребите на компаниите што би отседнале таму, и да ја трансформира станицата од државна во приватно управувана.

Еден од проблемите во планот е што Конгресот не ја дава „тоа е инвестиција во која сме вложиле милијарди долари, а сега сакате да се откажеме од неа.“ Втор проблем во планот околу приватизацијата на МВС е што таа е дел од О.Н. партнерство и е изградена и одржувана со помош на Русија, Европа, Канада и Јапонија. Иако НАСА има платено најголем дел од сметката за МВС во изминатите 20 години, сите земји даваат пари за нејзино одржување, плус астронаути и ракети, „а изгледа како ниту еден од Белата куќа или од НАСА да ги нема прашано за новиов план за приватизација.“

„Трамп ќе треба да искине (или одново да преговара) повеќе меѓународни договори за да ја приватизира МВС,“ објаснува Нилер.

14 февруари 2018 - 12:41