Дејвид Атенбороу рејвови растураат низ Британија

Периодов на неколку локации во Британија комплетно се распродадени влезниците за рејвои во кои му се оддава почит на Атенбороу и неговите документарци.

На журките диџеите миксаат семплови од нарацијата на 91-годишниот Атенбороу, додека зад нив се проектираат видеа од Планета Земја 2 или Сината планета 2. За дополнување на впечатокот рејверите носат маска со ликот на Атенбороу, а секоја од локациите им различна сценографија на тема џунгла.

Настанот го организира компанија од Лидс која планира журките да ги прошири во неколку градови низ Британија, меѓу кои Бристол, Кембриџ, Оксфорд, Брајтон, Саутхемптон и Кардиф.

Ако сакате да видите како изгледа тоа, пробајте ги следните две комбинации (изгасете го звукот на првото видео во комбинациите):

 

или

22 февруари 2018 - 11:40