За сеирот наречен Баленсијага Икеа торба од 2.000 долари

Се до пред некоја година Икеа сините торби можеа да се купат за 1 евро, за тогаш креативниот директор на Баленсијага, Грузиецот Димна Васалија, да реши на светот да му овозможи да купи ваква торба за над 2.000 долари.

Васалија во интервју објаснува дека инспирацијата му било личното искуство со Икеа торбите, кои не само што биле големи и функционални, туку и долгорочни. Па како такви, како студент, ги користел со месеци по шопингот во Икеа.

Години подоцна Васалија решава сите овие особености да ги спакува во кожна луксузна торба. Цената на торбата ја објаснува со логото што е закачено на нејзе (Баленсијага) и тоа што таа е изработена од кожа.

Кога Баленсијага торбите прв пат излегоа во продажба Икеа одлучи ни најмалку да не се побуни, и наместо тоа портпаролот на компанијата порача дека им „ласка тоа што Баленсијага торбата е слична како нивната сина торба од 99 центи“.

Оригиналната Икеа торба е од колекцијата „ФРАКТА“ која нуди серија решенија за товарање и мкнење работи.

Борбата околу името на Васалија (дал е Демна, дал е Димна, дал е Гвасалија или Васалија) се реши по следната равенка:

28 февруари 2019 - 11:15