Плејбој се откажува од голотија

62 години по првиот број, еден од уредниците на Плејбој оди на вечера кај се уште главниот уредник Хју Хејфнер, со радикален предлог, да престанат да објавуваат слики од голи жени. 89-годишниот Хефнер се согласува. Од март следната година Плејбој повеќе нема да има голи жени. Ќе има жени, ама не голи.

Планот е следен: повеќе нема да има угол голи девојки, меѓутоа ќе остане Плејмејт девојката на месецот која ќе биде по "PG-13" стандарди (отприлика истите стандарди за голотија што важат на Фејсбук и Инстаграм). Се уште не е утврдено дали ќе го има средишниот постер во списанието.

Со појавата на интернетот и сеприсутноста и достапноста на порното, Плејбој "комплетно ја има изгубено својата шокантност, комерцијална вредност и културна релевантност." Американското издание од тираж од 5,6 милиони во 1975-та, сега има паднато на околу 800.000.

"Борбата е извојувана и добиена. Сега си на само еден клик од која било возможна секс поза, и тоа бесплатно. И во ова време станато е излишно," објаснува ЦЕО-то на компанијата, Скот Фландерс, кој исто така дал поддршка на предлогот.

Плејбој веќе има голем број содржини без голотии на својот сајт, чисто за да може да биде дозволен за споделување на социјални медиуми како Фејсбук и Инстаграм. Во август 2014-та, Плејбој ги оддели содржините со голотија на сајтот. Како резултат на ова просечната возраст на неговите читатели паѓа од 47 на нешто над 30 години, а бројот на посети се зголемува од 4 на 16 милиони посетители месечно.

Компанијата моментално најголемиот дел од парите ги прави од лиценцирање на својот бренд и лого (40% од овие пари доаѓаат од Кина, иако магазинот не е достапен во земјата). Иако американското издание прави загуба од околу 3 милиони долари годишно, магазинот сепак е профитабилен ако се земат предвид парите од сите меѓународни изданија.

13 октомври 2015 - 10:01