Белата куќа до новинарите: немој да нè срамите пред гости

Помошниците на Обама "учтиво ама строго" побараа од новинарите во Белата куќа да не ги срамат пред гостите и да не ни помислат да прават селфи со принцот Вилијам.

Брифот за однесувањето пред принцот во Белата куќа, бил додека новинарите чекале пред канцеларијата на Обама за редовната фотосесија.

Претпазливоста на персоналот е инспирирана од посетата на Оланд, кога група француски новинари се подадоа да прават селфија со францускиот претседател. Тие конкретно се гневни на дописникот на Ле Монд, Томас Вејдер и неговото далечинско селфи со францускиот и американскиот претседател.

Се на се британските новинари подобро се однесувале од француските колеги, и се воздржале само на професионалниот дел од работата.

9 декември 2014 - 09:48