Акциите на Њујорк тајмс во 2017 излегоа подобри отколку на Гугл и Фејсбук

По објавувањето на извонредниот последен извештај за заработувачка, акциите на Њујорк тајмс пораснаа за 10% и за прв пат од летото 2007-ма вредат над 24 долари по акција.

Успехот на Тајмс се должи на растот на дигитални претплати на весникот, кој пак се должи на преселбата на Доналд Трамп од Менхетен во Белата куќа.

Само последниот квартал Њујорк тајмс има 157.000 илјади претплатници на дигиталното издание, со што приходите на компанијата само од претплата (и печатена и дигитална) во 2017 ја надминаа границата од 1 милијарда долари. На парите од претплатите отпаѓаат околу 60% од вкупните приходи на весникот.

Ако се земе предвид само изминатата година, цената на акциите на Тајмс процентуално има поголем скок отколку акциите на Гугл и Фејсбук. Разочарувањето од ваквата победа на Тајмс доаѓа кога од процентите ќе се префрлиш на чисти бројки, според кои пазарната вредност на Фејсбук е над 500 милијарди долари, а на Гугл е над 700 милијарди долари, додека Тајмс останува ниско во едноцифрените милијарди.

10 февруари 2018 - 18:21