Пијте Арабика и Робуста, оти ќе ги нема

Дури 60% од познатите сорти кафе се во опасност поради климатските промени и другите бељи кои ја задесуваат оваа планета. Меѓу нив и оние најпопуларните.

Најновите сознанија на оваа тема, објавени во журналот Science Advances покауваат дека некои од комерцијално најуспешните сорти кафиња, вклучително Арабика и Робуста, наскоро би можело да ги снема поради сушите и ширењето на габични патогени кои се множат заради зголемените температури.

„Наспроти неоспорниот агрономски и економски успех на Арабика и Робуста, овој сектор е под напад на безброј нови закани. Во тоа купче се климатските промени, особено продолжувањето на периодот на сушните периоди, ескалирањето на патогените кои имаат разорна моќ, особено за Арабиката во Центрана и Јужна Америка и Робуистата во Афика, како и низа други болести и зарази, како и социјални, економски и пазарни закани,“ се вели во статијата.

Истражувачите утврдиле дека 60% од мониторираните сорти се загрозени од кои 13 сорти се во критична фаза на своето постоење.

18 јануари 2019 - 10:45