забрането интервју

Сергеј Трифуновиќ: Одмазда на просекот

Ова што ќе го прочитате е моето прво забрането интервју во животот. Дадено е за потребите на дневниот весник Блиц. Со спомнатото средство за информирање сум во судски спор, тоест ги тужам за извесна бљувотина објавена пред половина година. Каква, ќе видите во текстот....

... На новинарот кој ме бараше едно 25 пати за да ми покаже колку му е битно да го направиме ова интервју, му предочив дека ја тужам куќата во која работи. И дека во секој случај ќе го елаборирам тоа во разговорот (не на ниво на лична навреденост и одмазда туку како социолошки феномен кој ни се мава од глава) и тој вика дека нема со тоа никаков проблем. Но, кога му ги пратив одговорите, ме побара за да ми каже дека му пречи одредена реченица за лицемерноста на медиумите. На неговиот уредник, пак, му пречел цел пасус. Уредникот рекол дека нема потреба тоа да оди, еве, тој бил подготвен за спорната невистинита статија јавно да се извини на страниците на Блиц, му реков дека оној момент кога ќе ги добијам на суд и онака законски ќе биде обврзан тоа да го стори така што трампата личи на онаа кога трговец ми ветува дека за стоката која веќе сум ја платил, за замена да добијам дополнителна услуга. Откако не сакав ни реченица да исфрлам а камоли цел пасус, ми се извинија што интервјуто сепак нема да може да го пуштат.

А бидејќи јас, освен да мочам, не сакам да правам ништо спроти ветерот, помислив дека е штета да пропадне едно 20 минутно зјапање во екранот на компјутерот.

Умеат ли Србите без водач? Прво беше Тито, па Милошевиќ, Коштуница, Тадиќ, сега Вучиќ. До политичарите ли е или до нас?

Сергеј Трифуновиќ: Зарем немаше водачи и пред Тито? Обреновиќи до Милош или Карaѓорѓевиќи не статираа во пченката. Да не одиме до Немањиќ и Мрњавчевиќ. На секој народ му е потребен водач. Сè уште немам видено ниедна екипа во кој било спорт, која излегла на терен без капитен и тренер.

На 18 години жалевте што не можете "со два куршума да ја ослободите Србија од Слобо", бевте дел од коалицијата ДОС, на 30 еднаш побегнавте од Србија, на 35 се вративте. Каде сте денес, на која позиција?

Таму каде што секогаш сум бил: на позиција на човек кој го живее својот живот, член на заедницата кој придонесува на заедницата да ѝ биде подобро за да нему, на неговите потомци и на луѓето кои ги сака им биде подобро.

Кој ве изневери, кого со задоволство би го избришале од нашето блиско минато?

Заблуда е дека некој може да ве изневери. Сите луѓе во вашиот живот сами се сместуваат на своето место. Никој и ништо од минатото не би избришал, бидејќи да не бил тој или тоа, јас не би бил тука каде што сум сега. Силата на човека се мери според надминатите и решени проблеми.

Еднаш рековте "ајде нека дојдат Српска Напредна Странка на власт, не верувам дека можат да засерат повеќе од овие". Останавте ли на тој став?

Како прво, јас не боледувам од ставови. Да се има каков било став е одраз на неинтелигенција. Да се има став значи да се вози кола со крената рачна. Ако и сум го рекол тоа, нема што да останувам на тој "став" бидејќи очигледно е дека СНС се сега на власт.

Сте ги запознале ли претседателот Николиќ или премиерот Вучиќ. Некогаш не ги сакавте, како денес ги гледате?

Го запознав Вучиќ. Во последниве 20 години не направиле ништо што би го сменило моето мислење за нив. Само сега сите ние малку повеќе ги познаваме и гледаме. Колку ќе нè чини тоа спознавање, ќе видиме.

Во тек е риалити шоу "ДР. Војислав Шешељ". Кој ни е крив за таа лакрдија - Хаг, минатите власти, оваа власт, Шешељ, самите ние?

Ако ме знаете, знаете дека не гледам риалити шоуа.

Кога рековте "Сите би дале срце за Косово ама да не излезат од Белград". на кого мислевте? Каде е Косово денес?

Мислев на сите оние србољупци, небесни бранители на срБството, таканаречени десничари, нациналисти, големи патриоти со КосовоеСрбија на устите кои ги нема никаде кога ќе ги повикам да однесеме компјутери за некое училиште или спортска опрема за Штрпце или Звечане. Факт, 78 % Срби никогаш не биле на Косово. Отприлика толку имаме и од гореспомантите. Сè мој до моега. Срце ќе дадат за Косово ама газот да не им го напушти Белград.

Премиерот Вучиќ неодамна се жалеше дека елитата е против него заради лични анимозитети. Која е таа елита, се гледате ли и вие во неа?

Вучиќ барем го признава постоењето на елитата, за разлика од своите претходници. Елитата е маргинализирана децении наназад и сведена на ранохристијаните кои се собираат во катакомби, бидејќи надвор се римските легионери кои ќе ги распнат. Но, исто како и неговите претходници, Вучиќ никогаш не ѝ се обрати за помош на таа елита за каква било реформа или обнова на ранетата земја. Тој, исто како и неговите претходници, создаваше своја елита: министри со лажни дипломи и докторати. естрадни менаџери, керамичари, сопственици на печињари, неуспешни уметници кои во валиден систем никогаш не успеале да се изборат за свое место од сонцето. Одмаздници. Одмазда на просекот. 

Да посегнам по Штулиќ:

Studenti bez diplome
žene bez ljepote
neženje bez stana
putnici bez para.

Užas je njihova furka.

Огорчени сте на медиумите. Секаде во светот постојат медиуми и таблоиди. Што е овде поинаку?

Јас воопшто не сум огорчен. Вие, медиумите, сте само слика и прилика на ваквата состојба во Србија. И што е најлошо, еден од поважните генератори на таа состојба. Во Србија нема медиуми: сите вие сте само ѕидни весници на овој или оној, владечката партија, службите за безбедност или оној кој ве купил. Вие сте едноставно платеници. Вие, кои на своите страници заради кои некој уништувал шуми, секојдневно рекламирате гологази фуфи беза занимање и биографија, чие истражувачко новинарство се сведува на тоа кој кого ебел, а не што некој паметно направил, не напишавте ни еден единствен збор дека новиот премиер, неколку дена откако дојде на власт, се ожени. Мене лично тоа не ме интересира, секој во својот живот нека прави то сака, ама вас ве интересира. Дупе би дале да можевте такво нешто да објавите. Дали можете да ми одговорите зошто не објавивте? Од друга страна, исконструиравте приказна дека Сергеј Трифуновиќ собрал непозната девојка во кафиќ и дека со неа имал секс до зори, сè додека не ги избркало обезбедувањето. Сергеј Трифуновиќ реши да ве тужи иако нема време да се бафта со такви глупости и ќе ве добие. Затоа што нема да можете да наведете ни име на кафиќот, ниту ќе имате сведок од некое обезбедување. Лицемерието да има јаготка на шлагот, вие го барате човекот кого сте го наклеветиле, да ви даде интервју. Тоа ви се медиумите. Спин, спин, бот, бот, спин. 

Дали ви пречи што дел од јавноста ве препознава како бунтовник, инаетчија, незгоден и тежок човек за соработка?

Ќе го цитирам големиот Георг Вилхелм Фридрих Хегел: Ме заболе курац.

извор: Бука