Миљенко Јерговиќ:

Се трудам да бидам злопамтило

Еден од највлијателните писатели на балканските простори открива која книга би сакал тој да ја има напишано, зошто ги сака првите филмови на Кустурица и кого не би викнал на вечера. Јерговиќ е мрзоволен, пцуе редовно, навива за Железничар а ги симпатизира Ливерпул и Барселона.

Омилен албум и песна?
Тешко е тоа денес да се каже. На човек му се менуваат вкусовите. Но, да речеме, вака: домашен албум Бистрији или тупљи човек... од Шарло Акробата. Странски албум веќе не знам, некои романски Цигани, трубачи. А песна дефинитивно не можам да одберам.

Концерт кој секогаш ќе го памтиш?
Големата Мерецедес Соса, една година во Љубљана. И Азра, средина на 80-тите, на летната сцена на Илиџа. Обата концерта беа генијални и обата поврзани со некои мои добри животни периоди.

Филм за сите времиња?
Тешко е да се каже. Да речеме, првите два филма на Кустурица. Колку што сум постар и што помалку го има светот во кој настанале, тие филмови повеќе ми значат.

Книга?
Доктор Фауст од Томас Ман, Роман за Лондон - Црњански, Травничка хроника...

Книга која би сакал ти да си ја напишал?
Да речеме, Истамбул на Памук или Кога цветаа тиквите на Михајловиќ. А сигурно Знамињата на Крлежа.

ТВ/радио емисија?
Поморска вечер, емисија на хрватското радио која ја сакам од кога знам за себе. Тоа се емисии во кои се кажува каде моментално се наоѓа некој наш брод, се јавуваат морнари и нивни семејства и меѓусебно се поздравуваат. А од Тв - мечеви од Лигата на шампиони.

Омилен сајт?
Немам. Зависник сум од весници па сум малку шовинист кон интернетот. Сурфам секојдневно но ги сакам весниците.

Имаш ли хоби?
Немам. Што би правел јас со него?

Патување кое сакаш да ти се повтори?
Баш и не сакам да патувам, освен по Босна, во Кoнавле и во Белград. Тоа е простор кој сакам да го истражувам. Она подалеку ми е предалеку и бара многу енергија. Не сакам површни туристички патувања а поинаку во странски држави тешко се оди.

За кого навиваш, како и дали одиш на натпревари?
За сараевски Железничар, од кога знам за себе. Но, тоа веќе не е навивање бидејќи нема ни лига ни фудбал во земјите од пораншена Југославија. Во Лигата на шампионите афинитетите ми се менуваат секоја година, н,о константно ги симпатизирам Ливерпул и Барселона.

Пет историски личности кои би ги поканил на вечера?
Владо Пиштало, Теофил Панчиќ, Горан Русиновиќ, Олга Грлиќ и мојата сопруга. Мртви и оние кои не ги познавам не би викал. А сите оние кои денес се живи а се сметаат за историски личности се опасни типови, психопати и најчесто, воени злосторници. Зошто би вечерал со злосторници?

Кој е твојот алтер его?
Јас сум, по потреба, свој алтер его.

Што сакаш да мислиш за себе?
Најпријатно ми е кога не мислам на себе.

Што би пробал а сè уште не си?
Нешто добро за јадење. Во сите добри ресторани во кои се уште не сум бил.

Пцуеш ли, кога и зошто?
Пцујам прилично редовно. Веројатно затоа што не сум верник. Добрите верници не пцујат.

Што сакаш во Загреб/ Сараево а што прво би сменил во нив?
Во Сараево најмногу го сакам моето сараевско минато. Во Загреб ја сакам прекрасната архитектура, која особено се истакнува во лето, кога поголемиот дел од луѓето заминуваат на одмор. Ништо не би менувал бидејќи се сомневам дека нешто може во нив да се смени. Такви се какви што се.

Дали си злопамтило?
Се трудам да бидам.

Во кого или во што веруваш?
Би сакал на тоа да имам недвосмислен и постојан одговор.

Што е вистинска жена?
Исто што и вистински маж, само поинаку.

За што се каеш?
Џабе е каење.

Кој е гениј?
Оној кој ќе создаде некој нов свет а нема потреба да бид Господ. Џони Штулиќ порано беше гениј.

Миљенко е...
...Мрзоволен. Така му е полесно.

21 ноември 2018 - 14:31