Престанете да го миете пилешкото

Така гласи најновата препорака наменета да се сопре ширењето на бактеријата која ја има во месото. Не затоа што пилешкото не треба да се мие туку затоа што ние тоа го правиме погрешно.

Според онлајн истражувањето на британската Агенција за стандарди во храната, пред да го фрлат на огран, 44 проценти од семејствата го мијат пилешкото.

Тоа е главниот начин на кој зезнатата бактерија доаѓа на нашите раце, на работните површини во кујната, на нашата облека итн. Ја распрснуваме наоколу со водата со која го испираме месото.

Од неа Во Британинија  годишно страдаат 280.000 луѓе иако според истражувањето, само 28 проценти од луѓето слушнале за неа.

Од друга страна, 90 проценти од луѓето знаат за салмонела и е-коли.

А кампилобактеријата е најчестиот облик на труење со храна, и главно ја добиваме од живината, обидувајќи се недоволно педантно да ја остраниме од неа. 

Затоа и главната препорака од Агенцијата сега гласи да се одбегнува допир со свежа живина.

Симптомите од ваквото труење со прилично општи: диареа, болки во стомакот и зголемена температура. Траат по неколку дена, но бактеријата знае да биде и смртоносна, особено за деца помалу од 5 години.

16 јуни 2014 - 11:48