Како најдобриот суши ресторан на светот остана без трите Мишелин ѕвезди

Без разлика што ништо немаат згрешено, по сопствена одлука, ресторанот Сукијабаши Џиро повеќе не е најдобриот во тефтерот на Мишелин.

Ниту газдата го утнал сушито, ниту пак Мишелин нешто им се имаат замерено, туку едноставно Џиро не може да постигне, па реши ресторанот да го затвори за јавност и да прима резервации само од затворен круг луѓе.

Од друга страна заради ваквото ставање на ресторанот на „приватен профил“ Мишелин повеќе не може да го индексира истиот со што тој автоматски е исклучен од конкуренција.

„Не може да се каже дека ресторанот ги изгуби ѕвездите, меѓутоа тој повеќе не е опфатен во нашиот водич. Политиката на Мишелин е да претставува ресторани во кои секој може да оди да јаде,“ објаснува портпаролката на Мишелин водичот.

Џиро е легендарен готвач на суши кој добива по три Мишелин ѕвезди секоја година откако беше пуштено првото Токио издание на водичот во 2007.

Сопственикот Џиро Оно, кој е познат и по мелем документарецот „Jiro: Dreams of Sushi“, моментално има над 90 години и се уште готви суши со помош на својот најстар син Јошиказу.

По ново кај Џиро има место само за редовни гости, оние со специјални врски или оние што користат консиерж услуги од луксузните хотели во Токио. Од ресторанот објаснуваат дека во моментот не можат да прифаќаат резервации од јавноста, а со оглед на тоа дека во него има место за седење за само 10 луѓе, „оваа ситуација е многу веројатно дека ќе продолжи“.

Во водичот на Мишелин за 2020 има вкупно 226 ресторани од Токио кои добија ѕвезда, што е повеќе од кој било друг град во светот.

 

26 ноември 2019 - 15:37