300

Кралот Леонидас беше спремен да жртвува 300 Спартанци на Термопилите. Ако сакате да ја задржите килажата после диета, ќе морате да бидете спремни да жртвувате 300 калории. Секој ден, до крајот на животот.

Секој што слабеел, знае дека вистинската битка со килажата започнува откако ќе заврши диетата. Ретки се оние кои им успева да не влезат во јојо ефектот и да се вратат на свое плус некое кило екстра.

Научниците веруваат дека сега знаат зошто.

За да ја задржат новата килажа, ослабените мора да јадат помалку од оние кои ја имаат истата тежина без диета.

Попрецизно, се работи за околу 300 калории дневно од кои треба да се збогуваат засекогаш.

Истражување покажало дека одржувањето на тежината после диета бара внес на 22 проценти помалку калории на дневно ниво.

Причина е ефектот кој диетата го има врз мускулите. Ослабнати мускули трошат помалку калории за иста работа отколку мускули кои не биле подложени на рестриктивен режим на исхрана.

Студијата покажала и дека после диета, мозочните рецептори кои храната ја толкуваат како награда се многу поактивни од обично, а оние кои даваат чувство на ситост се дефанзивни.

Токму затоа екс диеташи мора да јадат повеќе за да бидат задоволни, иако мислат дека јадат нормално.

16 мај 2012 - 10:39