Како Господар на прстените ќе завршеше како 2-часовен филм

Злотворот кој моментално е на тапет заради своето однесување со сè женско што допрел, своевремено му се заканил на Питер Џексон дека ќе биде сменет од проектот Господар на прстените ако не ја претвори книгата на Толкин во 2-часовен филм.

Британскиот писател Иан Нејтан во својата нова книга „Anything You Can Imagine: Peter Jackson & The Making of Middle-Earth“ открива дека Вајнстин сметал дека режисерот „фрлил“ 12 милиони долари на развивање на сценаријата за два филма.

Заканата од Вајнстин е или ќе го направиш да биде филм од 2 часа или ќе те сменам со Тарантино или Џон Мејден.

Џексон на 17 јуни 1998 добил меморандум од Џек Лечнер, одговорниот за развој во Мирамакс (компанијата на Вајнстин), во кој од него се бара да порадикален пристап што ќе дозволи приказната да биде раскажана во еден филм.

Ова ќе значи кратење на делот со Хелмс дип, Еовин да го замени Фарамир како сестра на Боромир, бришење на Балрог, а и појавувањето на Саруман не било многу сигурно.

По зборовите на Питер Џексон: „Беше буквално гарантирано да го разочара секој еден човек што некогаш ја прочитал книгата.“

По целиот притисок, Џексон се слуша со Кен Каминс, продуцент кој на проектот работи за Вајнстин, за да му каже дека книгата нема да ја адаптираат на начинот кој го бара Вајнстин, порачувајќи му:

„Попрво би да си тераме со нашите животи и нашите филмови и веќе да не се замараме со вакви срања. Кажи му на Харви нека продолжи и нека го направи филмот како што мисли и со среќа.“

Придонесот на Каминс во целата работа е што успева да го убеди Вајнстин да му дозволи на Џексон да ја продаде адаптацијата на друго студио. Обработката ја купува Њу лајн синема и книгата на Толкин е претворена во трилогија.

Питер Џексон освои Оскар за режија за третиот дел „Враќањето на кралот“, а трилогијата освои вкупно 17 Оскари.