Невестата и нејзиното дигитално презиме

Прво доаѓа љубов, па веридба, па венчавка па... првиот следен чекор е нова гмеил адреса?

Во САД приближно 80 проценти од жените решаваат да се откажат од своето моминско презиме при стапување во брак. Историски таа бројка се менувала а одлуката за презимето секогаш била мешавина од лични и практични причини.

Интернетот донекаде го усложнува ова прашање бидејќи освен физичките, луѓето веќе имаат создадени и свои дигитални профили.

Усогласувањето на новото презиме со веќе постоечките акаунти зависи од сервис до сервис. Бара нешто време но, на пример, кај Гугл е тоа лесно бидејќи овозможува спојување на акаунти (или задржување на адресата а промена на името на корисникот). Лесно е и кај Твитер и Инстаграм ама кај Пинтерест или Etcy, малку потешко.

Во последно време, сè почести се случаите кога жената аналогно (легално) го менува своето презиме но го задржува стариот име/презиме идентитет кој го има во дигиталниот свет.

Од друга страна, играњето во дигиталното може да биде далеку поинтересно и поразиграно бидејќи интернетот им овозможува на луѓето да создадат различни идентитети на различни платформи: да си еден лик на фејсбук, друг на твитер, трет на пинтерест....

Голем скок во бројот на жени кои решаваат да го задржат своето презиме во брак се случува во 70-тите години на минатиот век. Денес постои силна тенденција деловно поамбициозните жени да се мажат подоцна со што и потешко се откажуваат од "дигиталниот капитал" кој го имаат создадено.

Постојат и фирми кои се специјализирани за менаџирање на дигиталните профили кои на луѓето им обезбедуваат зачувување на стариот дигитален капитал при промена на личните податоци.