Франција укинува делење „воспитни“ на деца

Законот со кој се воведува забрана за родителите да шамараат или ќофтаат деца мина во Долниот дом на францускиот парламент, со тоа што останува една од главните слабости на законот дека баш и нема некоја казна за прекршување на забраните.

Новиот апдејт порачува дека авторитетот на родителот мора да се практикува без насилство и дека родителите не смеат да прибегнуваат кон „физичко, вербално или психолошки насилство, ниту пак телесно казнување или понижување“.

Со ова се поништува закон донесен од Наполеон на почетокот од 1800-те, во кој едно од правата на родителите е да го воспитува своето дете користејќи физичка казна.

Според противниците на законот ова е уште еден доказ за мешањето на државата во семејните работи на нејзините граѓани.

Надвор од политичари, речиси сè што е експерт и професионалец на темата го поздравува потегот, објаснувајќи дека веќе е јасно утврдено дека ваквото насилство може да има последици врз детето и врз тоа во каков човек ќе се развие.

„Мора да има граници, мора да блокираме и забраниме некое работи, мора да образуваме, и мора да излеземе од ова ’детето е крал’ размислување, меѓутоа важно е да можеме да спречиме користење на физичка сила и да користиме поеволуирани мерки како јазик и позитивни емоции,“ објаснува детскиот психијатар Пјер Кануи.

3 декември 2018 - 11:57