Ви се прават ЦВ-а?

Зошто на вашето следно залудно пријавување на наместен оглас за вработување да не се претставите со врвно скоцкано ЦВ? Ако ништо друго барем вие да си го направите меракот колку профи ви изгледало ЦВ-то.

Рези е платформа за изработување ЦВ-а и е прилично детално осмислена, корисна, а и одлична на око. Како таква таа се плаќа, ама да не излезе дека е дел од бездушен капитализам има и бесплатна опција за едно резиме.

Твое е да ја обезбедиш содржината на резимето, чекор по чекор, а тие автоматски ја пакуваат и ти ја испорачуваат во ПДФ.

Клик тука и почни да го спремаш ЦВ-то.

27 ноември 2019 - 16:34