Зошто замолкна Смоје?

Интересен детал од предговорот на книгата "Разговори со Смоје" на Борис Дежуловиќ, неодамна промовирана и во Скопје. Млад и бунтовен, Дежуловиќ му оди на својот некогашен новинарски и секаков друг херој Миљенко Смоје, за конечно да го расчисти прашањето зошто oвој молчи во време кога не смее да се ќути.

„Не знам зошто не пишувам...Кога дојде до ова кај нас, до оваа катастрофа, катаклизма, бев затекнат, разбираш? Одеднаш некаква празнина, шуплина, изгубеност. Се повлеков, се загубив, ми беше срам од сето тоа. Не се исплашив, од што има да се плаши човек на 70 години?"

Од едната страна на масата јас, долгокосо муле со мадиња до подот, млад репортерски лав тукушто вратен од вуковарските боишта, а наспроти мене опаднат стар крал на лавовите, напукнат репортерски тотем, кој молчи во време кога не смее да се ќути. Но мојот праведен гнев полека се топеше, заедно со она шише вино. И кога дојдовме до дното, се почувствував посрамено: пред мене не беше крал на лавовите кој ја подвил опашката кога на него се нафрлиле хиени, туку разочаран стар лав на кого сите му свртеле грб кога одбил и самиот да стане хиена.

Борис Дежуловиќ, "Разговори со Смоје"

25 декември 2015 - 15:09