Стивен Фрај, цитати

Одвреме навреме страда од биполарно пореметување, инаку е брилијантен актер, автор, писател, комичар, тв лице и директор на фудбалскиот клуб Норвич Сити. Од Црна Гуја наваму, ретко утнал работа.

1. За отсуството на љубопитност

„Единствената причина зошто луѓето не знаат многу е тоа што не им е до тоа да знаат. Тие се нељубопитни. Нељубопитноста е најчудната и најглупавата маана којашто постои".

2. За Киндл

„Нема поента. Една технологија не заменува друга, туку ја надополнува. Книгите се загрозени од Киндл колку што се скалите од лифтовите"

3. За поп културата

„Погледнете ги оние луѓе кои најмногу се бунат за инфантилноста и евтиноста на поп културата. Дали навистина сакате да се придружите на вакви бомбастични тупаџии? Би требало да знам какво е чувството, затоа што и јас некогаш сум таков, и тоа ич не е убаво. Подготвен сум да ја бранам апсолутната вредност на Моцарт во однос на Мајли Сајрус, секако дека би го правњл тоа, но ова би се потпирало на лажни дихотомии. Не мора да бирате помеѓу едното или другото. Можете да ги имате двете. Човечката културна џунгла може да биде исто толку шарена и со исто толку нијанси колку и Амазонската прашума".

4. За библиотеки

„Она што е убаво во врска со нив е што секој може да влезе, да си најде книга, да ја позајми, и да ја прочита. Не мора да ја краде од книжара...Знаете, кога сте млади, кога растете, тоа се речиси сексуално возбудливи места, затоа што книгите се енергетски централи на знаењето, и оттаму се нкако мрачни и опасни. Гледате книги кои некако ве прават да речете „Уф!"

5. За Њу-ејџ филозофијата

„Клучниот збор кој ме прави гневен е зборот 'енергија', кога луѓето ќе почнат да зборуваат во врска со неа како позитивна или негативна. На пример, 'тука има многу негативна енергија'. За што зборувате? Што мислите со тоа? Што значи тоа енергија? Сите знаеме: енергијата од бензинот кога ќе согори го придвижува автомобилот. 'Оваа соба има позитивна енергија' - па каде по ѓаволите оди тогаш? Не се движи. Ваквите изрази само покриваат глупост, патетична бесмислица...Ќе слушнете нешта како, 'Науката не знае се''. Да, секако дека науката не знае сè, но тоа не значи дека не знае ништо."

6. За пушењето

„Мислам дека секогаш ги поврзувам пушењето и сексот. Можеби токму тука грешам целиот живот"

7. За клишеата

„Клише е дека повеќето клишеа се вистина, но затоа пак како и повеќето клишеа, тоа клише не е вистина. Стапови и камења може да ми ги скршат коските, но зборовите секогаш ќе ме повредат".

8. За дрогата и музиката

„ЛСД ти ја открива нештоста на нештата, нивната суштина. Воденоста на водата, ќилимоста на ќилимот, дрвеноста на дрвото, жолтоста на жолтото, ноктопрстноста на ноктот на прстот, севкупноста на сè, ништожноста на сè, севкупноста на ништожноста. За мене музиката овозможува пристап до ваквата суштина на постоењето, но од аспект на социјалната или финансиската цена на дрогата и без да има потреба да извикуваш „вау" цело време, што е еден од најнепријатните и најмалку интересните нуспојави на ЛСД".

9. За верувањето во себеси

„Често пати се допирав себеси, моите гради, под астматичниот појас, моторот на срцето и белите дробови и крвта, и се чувствував восхитен од она што го чувствував, од огромната моќ која ја имав. Не магична моќ, не онаква Кери тинејџ телекинетска моќ, туку вистинска. Силата едноставно да продолжи, да истраеш, доволно сила, но исто така чувствував дека има моќ да создавам, да додавам, да восхитувам, да радувам и да трансформирам. Сепак, во прво време не верував во себеси. Верував во духови повеќе отколку во себе, и верувајте ми, никогаш не верував во духови, премногу сум духовен и емоционален и страствен за да верувам во натприродното".

10. За критичарите

„Кој чесен човек би сакал да го помине животот мрчејќи и критикувајќи? Замислете сцена: доаѓа критичар на рајските порти. 'И што правеше?', го прашува св. Петар. 'Па', вели мртвата душа, 'јас критикував'. 'Како, како?' 'Па знаете, други луѓе пишуваат нешто, изведуваат нешто, сликаат, а јас им велам работи како 'тенко и неубедливо', 'претенциозно и неинспиративно', 'компетентно и функционално'.

6 декември 2012 - 12:33