Совети и славни

"Никогаш немој да и кажеш на сопругата дека е лоша во кревет, затоа што ќе оди да бара второ мислење," Родни Дагерфилд.

"Мора да имаш нешто во што ќе се пензионираш. Нешто што од секогаш си сакал, ама не си можел да го правиш заради работата," Ози Озборн

"Ако сакаш да ти тргне во живот мрдни го газот, затоа што ништо нема да ти дојде кај тебе. И дури и да ти дојде а ти уште не си го помрднал газот, тогаш нема долго да го задржиш," Реј Винстон

"Дваесет години од сега повеќе ќе бидеш разочаран од работите што не си ги направил, отколку од оние што си ги направил, затоа истражува, сонувај, откривај," Марк Твен

"Викањето е фрлена енергија. Посрамува луѓе пред други луѓе," Том Форд

"Совршениот сендвич со сланина е на бел леб, многу мек и многу дебел. И со добра корка. Сланината треба да е на пола пат до крцкава - да ја има многу - и да има доволно кафеав сос за да ти тече по раката. Не си уживал навистина во сендвич со сланина ако десет минути подоцна не почнеш да си ги лижеш рацете," Хауард Џејкобсон

"Јасна комуникација. Почит. Многу смеење. Многу оргазми. Ова е тоа што е потребно за да функционира брак," Др. Дре

"Важни се добри чевли," Дејвид Бејли

"Животот не е само емоции, некои од најинтересните работи се случуваат кога не сме толку преплавени со емоции: малите детали во врските и јазикот на телото," Дејвид Атенбороу

"Или напиши нешто што вреди да биде прочитано, или направи нешто што вреди да биде напишано," Бенџамин Франклин

"Ништо што правиш не е посебно битно. Ама не сум сигурен дека тоа е добар изговор за нешто да направиш лошо," Џон Малкович

"Страотно важно е како во животот се справуваш со другиот пол. Твоето животно досие на оваа тема е посебно важно. Никогаш навистина не мислиш на кои било други достигнувања во животот," Мартин Амис

"Може да се муртиш и да бидеш депресивен заради тоа што старееш, ама знаеш што е полошо од уште еден роденден? Да не го дочекаш," Рон Џереми

"Ако намалиш неколку сантиметри околу стомакот, се' под него ќе изгледа многу поголемо," Џек Лалејн

"Во моментот кога ќе почнеш да веруваш во сопствениот успех, тргнуваш на пат кон пропаста," Феј Данавеј

"Број еден правило за живот е никогаш немој да спиеш со некој што е полуд од тебе. Ќе го прекршиш ова правило и ќе ти биде криво," Крис Кристоферсон

"Немој да очекува комплименти без завист, додека не умреш," Џоан Риверс

"Добри момци мора да бидат малку валкани, инаку, тие се само досадни," Винсент Касел

"Подобро секој ден да го живееш како да ти е последен, затоа што еден ден стварно ќе бидеш во право," Реј Чарлс

виа Ескваер

14 февруари 2015 - 15:16