Пресвртен момент во една кариера

Ова е моментот кој означуваше крај на професионалната кариера на тореадорот Алваро Мунеро. Сам објаснува за што се работи.

"Одеднаш, погледнав во бикот. Застана пред мене и само ме гледаше. Не покажуваше никаква намера да ме нападне. Ја имаше онаа невиност во очите каква што само животните можат да ја имаат. Од тој поглед бев сигурен дека сака да ми каже: "Не сакам веќе да се борам со тебе. Ако сакаш убиј ме, ама јас не се борам." Тоа му го прочитав во очите. Почувствував огромно каење, се почувствував мизерно и ја запрев борбата".

По овој момент тореадорот Алваро Мунеро ја завршува својата професионална кариера и се посветува на идејата за забрана на борби со бикови.

18 мај 2014 - 08:39