Помогни му на своето дете да не стане како тебе туку како себе

Неколку совети (или потсетници) од полски педагог кој три пати одбиваше да си го спаси сопствениот живот.

1. Не очекувај од своето дете да биде онакво какво што ти сакаш да биде. Помогни му да не стане како тебе туку како себе.

2. Не барај од своето дете да ти го надокнади сето она кое си му го пружил. Си му дал живот, како може тоа да ти го врати? Тоа ќе му даде живот на некој друг, тој на трет, така изгледа неповратниот закон на благодарноста.

3. Не ја истурај лутината врз детето, за да не ти биде горчлив лебот во староста. Затоа што тоа што сееш, тоа ќе ти порасне.

4. Не гледај на неговите проблеми како занемарливи. Животот секому му изгледа онаков колкави што му се силите и верувај дека нему не му е полесно отколку на тебе. Може му е и потешко бидејќи нема искуство.

5. Не го понижувај.

6. Не заборавај дека најважните средби на еден човек се неговите средби со децата. Обрнувај повеќе внимание на нив. Никогаш не знаеме кого сме сретнале во едно дете.

7. Не се мачи себеси ако нешто не можеш да сториш за своето дете. Само сети се дека за едно дете не е сторено доволно ако не е сторено сè што може.

8. Детето не е тиранин кој завладеал со твојот живот, тоа е драгоцен пехар кој ти е даден да го чуваш и во него да го одржуваш животворниот огин. Таква е ослободувачката љубов на мајката и таткото кои не одгледуваат „наше дете“ туку душа која им е доверена на чување.

9. Научи да ги сакаш и туѓите деца. Никогаш не им го прави она што не би сакал некој да им го прави на твоите. 

10. Сакај го своето дете, какво и да е - неталентирано, несреќно, и кога ќе порасне. Радувај му се на секое обраќање бидејќи празник е секој момент кога е со тебе.

Јануш Корчак

******

Јануш Корчак (писателско име на полскиот Евреј Хенрик Голдсмит) е познат педагог, писател и лекар кој три пати одбивал да го спаси својот живот.

Првиот пат кога решил да не емигрира во Палестина пред окупацијата на Полска за да не ги остави на цедило децата од домот за сирачиња. Вториот пат кога одбил да избега од варшавското гето. А третиот пат, кога сите штитеници на домот биле качени во воз кој ќе ги носел во конц-логор, на Корчук му приоѓа СС офицер и го прашува:

- Вие ја имате напишано „Кралот Матијуш“? Ја имам читано таа книга во детството, слободни сте.

- А децата?

- Децата не се, вие може да го напуштите вагонот. 

- Грешите, не можам. Не се сите луѓе бедници.

6 февруари 2019 - 10:01