Подарок од Фајрфокс: Фејсбук контејнер

Освен што детално ве следи што правите на Фејсбук (без разлика дали во апликација или преку браусер), социјалната мрежа следи и што правите кога не сте на Фејсбук, речиси подеднакво детално. Фејсбук контејнер е решението на Мозила за овој проблем, и во основа екстензијата не му дозволува на Фејсбук да ве манијачи што правите кога не сте кај него.

Откако ќе ја инсталирате екстензијата, ќе се случат три работи:

1. Фејсбук повеќе не може да ве следи каде сурфате.

2. Секој таб на кој имате отворено Фејсбук (или на кој Фејсбук и понатаму може да ве следи) ќе биде подвлечен со сино. Пример, кликање на копче „сподели“ и понатаму останува Фејсбук активност, која социјалната мрежа може да ја следи и евидентира.

3. Еднократно ќе ве одјави од Фејсбук и ќе треба повторно да се најавите за да почне екстензијата да функционира.

Повеќе околу екстензијата тука

За да ја симнеш екстензијата (за Фајрфокс) тука

28 март 2018 - 20:57