Не е виц на денот

Приказна на обичен возач од една соседна земја: „Возам со својот автомобил и чувствувам дека ме снима видео камера. Се сетив дека сигурно ме фотографира за брзо возење, иако не возев брзо. Само за да се уверам во претпоставката свртев низ населба и пак поминав низ истото место, со уште помала брзина. Но камерата повторно „ме кликна"...

... Ова ми дојде некако забавно и поминав пред камерата уште три пати со брзина на желка, насмеан кон камерата, која ме кликнуваше секој пат кога поминував....

По две недели по пошта добив пет казни за возење без појас ..."

1 декември 2012 - 18:15