Наши барања до таксистите

На илјадници граѓани на Скопје, без правење колони низ Центар и блокирање на сообраќајот, со текот на годините и поминатите километри, им се насобраа неколку барања до таксистите. До сите нив, и диви и питоми.

1. Користење дезодоранс, стикче или парфем од типот - задолжително. Плус, освежувач за автомобил.

2. Ситни пари, за во секое време да можеш да вратиш кусур барем за илјадарка. Посебно е глупо да немаш кусур а седиш на станица и не пушташ нога да отидеш да раситниш.

3. Муабет и не мора, благодарни сме што не возиш. Некогаш не разбираме за што е муабетот (наместен натпревар 2-ра Финска лига во фудбал - жени), некогаш не ни се збори, некогаш е 8 часот наутро. И ако учтиво прашаме "Како сe живее?", тоа не е знак дека сакаме да ја слушнеме твојата макроекономска анализа и геостратешки погледи на светот.

4. "Нека дојде од мојата страна на улицата", не значи да застанеш од карши. МОЈАТА страна на улицата е императив посебно кога врне.

5. Ако е црвено на семафор, не ставај во лер уште 500 метри пред него.

6. Не е можно да не знаеш некоја улица, во Скопје возиш, не во Њу Делхи.

7. На плус 40, џабе е да ни објаснуваш дека не се исплаќа уклучување клима. Никогаш нема да те разбереме.

8. Глупо е по 8 саати да седиш во нешто што мириса на плин.

Инаку, фала што не враќате дома во 4 часот наутро. Фала што не трпите кога сме пијани. Фала што проаѓате на жолто.

5 април 2012 - 00:13