Имам култура во мокраќата!

Во својата 26 годишна лекарска пракса, доктор Душанка Стевовиќ Гојдиќ ги запишувала интересните ситуации и поплаките на пациентите. Стотина такви се објавени во нејзината книга "Смеењето како лек." Мал избор од урнебесните исповеди на луѓето кои си имаат мака.

Помош! Угина маж  ми!

Не скроз, туку фигуративно. Ма, бил денес на кардиолог. Му правеле акаге, кагебе, кореографија (коронографија), све комплет снимиле на дивиди. Сега ја добил снимката, викаат дека сè е добро, а тој само што е жив.

Имам култура во мокраќата

Ние дома сите сме некако вирусави. Еве веќе 20 дена трае овој напад на вирусот на нас а мене уште ми најдоа и култура во мокраќата и вагината. Што сега да правам? Поштена жена. Во страшна дилема сум. Јас сум една поштена жена а срам ми е што ова ве прашувам. Ама морам, па кај пукне, нека пукне. Добив петта група секрет од дечкото па ме интересира дали јас тоа може да му го пренесам на сопругот?

Симболична столица

Каква ми е столицата? Сомнителна! Малку иде нормална, малку симболична. Оди и напред и назад. Знаете, нејќам многу да ве задржувам. Јас сум стара белградска дама. Само сакам да ве прашам. Имам страшен ентерокотлет (ентероколитис) а го испив оној лек за измочување па сега ми оди и напред и назад, а јас не знам од што.

На пилето му падна главата

Знам дека тоа не е ваш фактор (фах) ама кај се возат пилиња кога им паѓаат главите?

Три глицериди

Ги имам оние три глицериди и сите три ми се покачени. И што да правам сега? Барем еден само да беше па ќе излезев на крај со него.

Ќумур од кантата

Во кома сум! Имам пролив веќе трет ден, го испив она ќумурче (медицински јаглен) ама ништо не ми помага. Мала доза? Па не го пакував јас, туку онаа од аптеката. А да земам јас домашен од кантата, две лажици?

Вагина пекторис

Јас имам вагина (ангина) пекторис, а сега ме боли стомак. Каде ме боли? Па овде во Миријево! Братот има гинеколошки проблем. Јас сум една баба а се јавувам за брат ми. Јас сум му главна за доктори, све знам кого да барам. А сега да прашам. Го бoли цен долен стомак па се плашам да не е нешто гинеколошки или уролошки. Ми треба штелување. Бев денес на скендер (скенер) и главата ми зуи како концертна сала. Може ли да дојде некој овде да ме наштелува?

Човек ли сте или банкомат?

Добро вечер. Да зборувам ли? Вие сте вистински човек или сте оној банкомат од аутоматот? Кола за клипанов, дајте ми, ве молам, една кола со кревет. Лежечка. И интервентна бригада (?). Да, за овој мојов клипан. Мислам, за синот, ама тој е голем, му треба голема кола. Каде одиме? Во Институт за мајка и син.

Синот ми го гризна глушец!

Колку години има? Пред некој ден наполни 30. За што го гризнал? Затоа што го фаќал! Ааа, вие прашувате каде го гризнал? Во Шведска! Таму живее. Аааа, за кој дел од телото? Па, за прст! Затоа што сакал да го исфрли надвор. А таму е сега ладно па глушецот не се давал лесно, нејќе ни тој на зима.

Закана со критика

Јас чекам кај факултетот за стока (Ветеринарен). Тоа ви е на ќошот, ама, ако не дојдете, ќе се жалам на министерството за критика.

Преку ден ми е добар, а навечер ми се дига

Докторке, нормално ли е тоа? Преку ден ми е добар а навечер ми се крева. Мислам, притисокот. А пулсот ми е забрзан. Како тоа колкав е? Па троцифрен!

Загинати модрици

Маж ми има проблем. Му загинаа сите модрици пред три дена а сега пак се појавија. Па ве молам дајте ми ја онаа "мустра" од лекови, што ми ја кажавте пред некој ден, тие најдобро му прават.

Гори ѓубре од човек

Не знам дали сте вие од Пожарна или од Брза ама дојдете во шумата кај Певац, овде гори некое ѓубре од човек.

31 октомври 2015 - 18:29