Нил Армстронг:

Единствено потешко од слетување на Месечината е тоа да го фејкаш

Годинава минаа 50 години од историската мисија на Аполо 11 на Месечината. Имаме снимка од разговорот на Нил Армстронг со Бил Буфини во 2002 година. Мега-забавно интервју, Армстронг се зеза за сите пари и генерално, се добива драгоцен увид во животот и умот на човекот кој прв стапна на Месечината.

Неколку поенти:

За првата фаза на летот:

„Тоа изгледаше како да се возите на најлошите можни железнички шини на светот и жестоко се тресете во сите три насоки“.

За втората фаза на летот:

Беше толку мирно и мазно што не бевме сигурни ни дали моторите ни работат.

За погледот од Аполо 11:

Нашата планета е прекрасно место, особено кога ја гледаш од далечина.

За теориите на заговор:

Единствената потешка работа од слетувањето на Месечината е сето тоа да го лажираш.

За личните цели:

Човек сака да остави некаков траг, кога го напушта светот, тој да биде нешто подобар од оној кој го затекнал.

За очекувањата од 21-от век:

Имам две големи надежи за овој век: да почнеме да ја разбираме нашата планета и да почнеме да се разбираме себе си.

20 ноември 2019 - 13:48