Човек на денот

Мае Буа Чаичеун е одгледувач на ориз од Тајланд. Не е некој голем земјопоседник туку има оризови полиња доволно колку „да се пројде,“ кои се наоѓаат во близина на пештерата во која беа заглавени децата. Таа исто таа е една од локалните жени што од почетокот на операцијата за спасување се пријавува како волонтерка и работи како готвач во кампот.

Кога се враќа дома по неколку дена во кампот сфаќа дека целата вода која пумпите сето тоа време ја вадеа од пештерата за да ја испразнат и да го помогнат спасувањето на децата всушност минала преку нејзините оризови полиња.

130-те милиони литри вода кои минуваат преку оризовите полиња го уништуваат целото нејзино земјиште и годинешниот род.

Реакцијата на Чаичеун за целата работа е: „Ни најмалку не е важно, ок е. Само сакав децата да излезат живи од таму.“

11 јули 2018 - 09:47