Човек на човека му е музичар

Некои од најдобрите навреди во историјата на музиката што еден музичар ги кажал за друг. Некои музичари може прв пат ќе ги прочитате тука, ама знаат квалитетно да ти го плеснат.

Вејн Којн за Аркад Фајр
"Ми се смачува од нивната помпезност... Имавме некои заеднички свирки со нив и тие навистина ги третираат луѓето како гомна. Луѓето се однесуваат со Аркад Фајр како да се најголемото нешто на сите времиња и тие се вадат со тоа. Тие имаат убава музика, ама се шупци, па кој ги ебе."

Кристина Агилера за Лејди Гага
"Да бидам искрена, не знам која е оваа личност. Не знам дали е мажи или жена."

Дејвид Ли Рот за Елвис Костело
"Музичките новинари го сакаат Елвис Костело, бидејќи музичките новинари изгледаат како Елвис Костело."

Лили Ален за Шерил Кол
"Соблекувањето на твоите алишта, секси танцувањето и бракот со богат фудбалер мора да е големо задоволство. Мајка ти мора да е толку горда. Глупа кучко."

Трент Резнор за Мерлин Менсон
"Расипан човек кој би згазил преку сечие лице само да успее, и би ја преминал секоја линија на достоинство."

Марк Смит за Мамфорд енд Санс
"Имаше некоја група што се загреваше (со пеење)... и беа ужасни. Реков 'Замолчи ги пиздите!' а тие и понатаму се загреваа, па фрлив шише кон нив... Мислев дека се збирштина на ретардирани ирски фолк пејачи."

Курни Лов за Дејв Грол
"Што се однесува до тапанарот, тој толку пати ми се има пуштано. Тој едноставно е многу, многу збунет околу мене, заради што пишува песни за мене за да чујам дека ме 'мрази' повеќе од 'кого било.' Курт го презираше него повеќе од кој било друг (освен новинарите)... Тој е само подпросечен тип на човек."

Дејв Грол за Куртни Лов
"Таа е ебано грда кучка."

Пол Вилер за Фреди Меркјури
"Рече дека сакал да го донесе балетот кај работничката класа. Каква пизда."

Курт Кобејн за Ганс н' Роузес
"Тие се навистина неталентирани луѓе, и пишуваат срање музика, и моментално се најпопуларниот рок бенд на Земјата. Не ми се верува."

Ник Кејв за Ред Хот Чили Пеперс
"Секогаш кога сум во близина на радио и како ќе прашам 'Што е ова ѓубре?' одговорот секогаш е Ред Хот Чили Пеперс."

Ноел Галагер за Кајзер Чифс
"Тие никому ништо не му значат, освен на нивните ебано грди девојки."

Алан МекГи за Колдплеј
"Колдплеј се дефиниција од речник за корпоративен рок. Пејачот е чуден колку и Фил Колинс. Тие се персонификација за рок од кариера."

Елвис Костело за Морисеј
"Морисеј пишува прекрасни наслови на песни, но за жал често заборава да ја напише песната."

Ноел Галагер за Џек Вајт
"Тој изгледа како Зоро на крофни."

Рик Џејмс за Принц
"Мал, кус, навлечен на его, за кој имам чувство дека не ги сака луѓето од сопствената раса и би сакал да биде бел и повисок."

Марк Еверет за Битлси
"Џон Ленон пее за мир бидејќи ја тепа жена му. Хипиците се преполни со срања."

Роберт Смит за Морисеј
"Ако Морисеј рече - не јадам месо, тогаш јас ќе почнам да јадам... е толку го мразам Морисеј."

Елтон Џон за Мадона
"Секој што во јавност на сцена пее на матрица кога си платил 75 фунти за да го гледаш, треба да биде застрелан."

Бој Џорџ за Мадона
"Пакосно, одвратно човечко суштество кое нема ниту еден квалитет за да се искупи."

Бој Џорџ за Елтон Џон
"Сите тие пари и уште има фризура како тетка од менза."

Елтон Џон за Кит Ричардс
"Како мајмун со артритис кој се обидува да излезе на сцена и да изгледа младо."

Ентон Њукомб за Ерик Клептон
"Луѓето зборуваат за Ерик Клептон. Што има тој направено освен што го фрли своето бебе и напиша песна за тоа?"

Тупак за Ноториус БИГ
"I fucked your bitch, you fat motherfucker."

20 јуни 2013 - 14:51