Ама, тие не се откажале

- Хенри Форд пропаднал и банкротирал 5 пати пред да успее.
- Мајкл Џордан биле избркан од училишниот кошаркарски тим.
- Директорот на училиштето на Мајкл Кејн му рекол "Ти цел живот ќе бидеш работник."
- Ван Гог продал само 1 слика во животот и тоа на својата сестра за околу 400 франци. Тоа не го спречило да наслика повеќе од 800 слики.

- Винстон Черчил паднал во шесто одделение. Последователно бил поразуван на сите избори за јавни функции се додека на 62 години не бил избран за премиер. Подоцна напишал "Никогаш не потклекнувај, никогаш не потклекнувај, никогаш, никогаш, никогаш, во ништо големо или мало, крупно или ситно, никогаш не потклекнувај освен под уверување на честа и здравиот разум. Никогаш, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш не се откажувајте."

- Сократ бил наречен "неморален расипувач на младината" и продолжил да ја расипува и откако му била изречена смртната казна. Го испил отровот и продолжил да ја расипува.

- Зигмунд Фројд бил избркан од подиумот кога прв пат ги преставил своите идеи во Европа. Се вратил во својата канцеларија и продолжил да пишува.

- Чарлс Дарвин се откажал од својата кариера од медицината и од неговиот татко бил критикуван дека "се грижи само за пукање и фаќање на кучиња и мачиња." Подоцна во својата автобиографија Дарвин напишал "Сите мои професори и татко ми ме сметаа за доста просечно дете, дури и под вообичаениот стандард за интелект".

- Томас Едисон бил сметан од неговите учители дека е "премногу глуп за да научи било што." Бил отпуштен од неговите први две вработувања за тоа што бил "непродуктивен". Како инвентор имал 1.000 неуспешни обиди да измисли сијалица. Кога новинар го прашал "Како се чувствуваш откако 1.000 пати не успеа?" Едисон одговорил,"Не дека јас не успеав 1.000 пати. Туку сијалицата е изум од 1.000 чекори".

- Алберт Ајнштајн не зборувал до 4 години. Неговите родители го сметале дека е потпросечен а еден од неговите учители го опишале како "ментално спор, антисоцијален и засекогаш изгубен во неговите глупави соништа." Бил избркан од училишта и бил одбиен од Техничкото училиште во Цирих.

- Луј Пастер бил само просечен студент на факултет и бил рангиран на 15-то место од 22 студенти по хемија.

- Откако Карл Луис освои златен медал на Олимпијадата 1996-та, еден новинар го праша која е неговата тајна за долговечноста, бидејќи се натпреварува скоро 20 години. Тој одговорил - "Треба да запаметите дека по пат имате и победи и порази. Ниту едните, ниту другите не ги сфаќам сериозно."

- Волт Дизни бил отпуштен од уредникот на весникот бидејќи му "недостасувала имагинација и немал добри идеи". Банкротирал неколку пати пред да го изгради Дизниленд. Инаку, неговиoт план за паркот бил одбиен од градот Анахеим, од каде сметале дека тој ќе собира само олош.

- На Чарлс Шулц му биле одбиени сите стрипови кои ги испратил до уредништвото на средношколскиот весник. А и Волт Дизни не сакал да го вработи.

- По првата аудиција за филм на Фред Астер, комисијата во своите забелешки напишала "Не може да глуми. Не може да пее. Малку е ќелав. Малку знае да игра".

- Сидни Поатје својата прва аудиција ја завршил со следниот коментар на кастинг директорот: "Зошто не престанеш да им го трошиш времето на луѓето и не одиш да станеш мијач на садови или така нешто?".

- Џери Сајнфилд кога прв пат излегол на сцена во клуб како професионален комичар пред публика, бил стаписан и целосно го заборави англискиот јазик. Промумлал неколку линии пред да биде избркан од сцена.

- Во 1944-та Емеилин Снивли, директорката на агенцијата за модели Блу Бук ѝ рекла на идната манекенка Норма Џин Бејкер "Подобро земи учи за секретарка или оди мажи се." За тие што не знаат Норма е Мерилин Монро. Сега... која е Емеилин Снивли?

- Чарли Чаплин во прво време бил одбиван од шефовите на холивудските студија кои неговата глума ја сметале за "глупост".

- Битлси биле одбиени од Дека Рекордс со доста погрешна оценка "Не ни се допаѓа вашиот звук. Групите со гитари се пред изумирање".

- Елвис Присли во 1954-та бил избркан од менаџерот на Гранд Оле Опри, по само еден настап. Тој му рекол не Присли "Никаде не одиш пријателе. Би било најдобро да се вратиш на возење камион".

- Париска галерија одбила да му даде засолниште на Пикасо, кога тој прашал дали може внатре да ги скрие сликите од дождот.

- Стравински бил избркан од градот од лутата публика и гневните критичари по премиерата на Посветување на пролетта.

- Лав Толстој бил исклучен од факултет. Бил опишан како "неспособен и неволен да учи."

- На Емили Дикинсон ѝ биле објавени само седум поеми во текот на нејзиниот живот.

- Џек Лондон бил одбиен повеќе од 600 пати пред да ја објави својата прва приказна.

3 јуни 2016 - 15:31