Рекреативното искачување на Водно е дел од овогодинешните активности поврзани со Светскиот ден за борба против дијабетес. Настанот започнува со средба на учесниците во 10:00 ч. пред О.У. „Кочо Рацин“ по што планирано заедничко искачување до средно Водно. За секој учесник предвидена е редовна контрола на гликемиите, како и пакет за освежување. Оние кои не можат да испешачат, може да ги искористат редовните автобуските линии на ЈСП и да се придружат на паркингот на средно Водно каде продолжува дружењето. На искачувачите ќе им се придружи и група од велосипедисти, поддржувачи на борбата против дијабетесот, кои со симболична кружна рута преку средно Водно и Пантелејмон до О.У.,,Кочо Рацин“ ќе го извозат т.н. син круг кој е всушност знакот на лицата со дијабетесот.
Уште една одлична можност за сите ентузијасти и љубители на рекреативното планинарење да го искористат викендот за рекреација, но и активно да се вклучат и да ја поддржат иницијативата. На настанот ќе земат учество и претставници на разни компании, како и секој оној кој доброволно сака да се приклучи и да даде поддршка.
(Комерцијален текст)