Битката за хуморот

Пренапалени активисти (за која било кауза) знаат да бидат најдосадните тролови на планетава. Не опасни, не одвратни, туку баш така, досадни. Затоа што она што прво им го убива каузата (национална, сексуална, асексуална) е смислата за хумор.

Ќе ги препознаете по паранојата: што се крие зад овој виц, каков стереотип повлекува смешка за џандари, плавуши, Муја и Хасиња? Се смеат само во вонредни случаи на свое невнимание.

Сега сцена (малку непотребно драматична) од шоу на Арсенио Хол. Еден од помалку талентираните комичари, ама, во однос на редот геј активисти кои дошле да замараат и да му натурат своја агенда - Кантовски супериорен.

30 мај 2012 - 11:03