Бил Мар и Хауард Стерн ги закопаа секирите

После долгогодишни хејтања и јадачки, двајцата гиганти на слободната медиумска мисла сфаќаат што имаат заедничко: што во суштина и двајцата се либерали ама такви либерали кои не ги трпат срањата на официјалните либерали.

Хауард Стерн и Бил Мар се смирија некаде на почетокот на оваа година, кога Мар му отиде на Стерн во емисија. Ова сега е возвратна посета и сакаме да ја споделиме со вас бидејќи е супер таа динамика која постои меѓу овие два луцидни и фајтерски ума.

Инаку, кавгата меѓу нив е стара и досадна (едниов не го бранел другиот кога овој мислел дека требало, ти реков-ми рече) и тоа на овие години фино го сумираат: Кога си млад, имаш енергија да се караш со сите, после гледаш колку е сето тоа без врска.

Не дека оваа емисија проаѓа без јадачки: Мар за 25 годипната психотерапија на која оди Стерн (Кога ќе се излечиш?) Стерн за неспособноста на Мар да си фати женска за озбилно.

Но, некако најбитно ни се гледа она од најавата; нивното сознание дека наводно либералниот Холивуд не може да прифати искрени и доследни слободоумници како нив. И затоа нема да се добие Еми. Ама Мар фино вика: „Победувањето е за лузери.“

 

14 октомври 2019 - 14:14