Моќниот македонски спот за Христо Стоичков

Бугарите викаат: Требаше да дојде Македонец па да направи спот за Стоичков како што треба.

Зад спотот стои Ангел Апостолски, наш дечко кој е движечка сила во бугарската видео продукција Push Pull, еден од најспособните регионални играчи во оваа област.

Имаат триста одлични чуда направено, од реклами па до спотови и филмчиња. Истовремено и  креативни и во полна работна кондиција.

Накратко, многу ни избегаа.

Сајтот им е тука, на Вимео можете да ги разгледате тука а задолжително ѕирнете го нивниот спот за Линдеман (аха, вокалистот на Рамштајн).

Уште еден доказ дека кога ги води наш човек, Бугарите знаат маестрални работи да направат.

Браво Ангел, браво браќа и сестри.

18 септември 2016 - 10:20