Очи полни живот

Во 70-тите години светски познатата Марина Абрамович има интензивна љубовна и креативна врска со перформерот Улај (Уве Лајсипен, Германец). Кога почувствувале дека нивниот однос доаѓа до својот крај, решаваат да го направат својот финален заеднички перформанс. Секој од нив тргнува од еден крај на кинескиот ѕид. Одат еден кон друг, се среќаваат некаде на средина за да се гушнат за последен пат и никогаш повеќе да не се видат. Е, сега.... 

Во 2010-та година, на ретроспективата на Абарамович во музејот МоМа, таа ја изведува својата точка "Уметникот е присутен" во која споделува минута заедничко молчење со секој непознат кој ќе седне на столчето спроти неа.

Странците се редат, точката си врви. Но, во еден момент се појавува и Улај, без таа да знае за тоа.

Еве што се случува:

4 април 2013 - 12:15