Стариот Август и отровната Ливија, Тиберие, Германикус, Агрипина, Калигула (прејак!), Нерон.... сето тоа се испозакла, испоотру, испоеба, а Клавдиј ги преживува сите тие подметнувања и предавства само затоа што го сметаат за дебил па никому не им изгледа како опасност.
На тој начин успева самиот да дојде на власт, сместувајќи се меѓу психопат кој мислеше дека е Бог и психопат кој мислеше дека е талентиран поет и глумец.
Моментот кога Клавдиј го покорува Сенатот и на корумпираните злотвори им вика:
„Преживеав половина живот со половина од мојата памет, додека илјадници умреа со сета нивна недопрена. Очигледно, квалитетот на умот е многу позначаен отколку неговиот квантитет“.
МТВ, репризирај тоа, да не глеаме некои нови наивци како мислат дека ова бесчестие кое денес го гледаме е нешто ново.