Климатска средба на генерации

По повод една вест дека ученици на еден ден ќе напуштат школо и ќе протестираат за стопирање на климатските промени и ќе апелираат за ургентна акција за промоција на наративот „инаку сите ќе умреме“, австралискиот медиумски ветеран Ален Џонс има да им прочита нешто: фатете книга и направете си сендвич.

До сите ученици кои ќе штрајкуваат против климатски промени,

Вие сте првата генерација која сака еркондишн во секоја соба. Сакате и телевизор во секоја просторија и компјутери во секоја училница. И ден и ноќ минувате со електронски уреди и како никогаш досега, на школо не доаѓате пешки или со точаци туку доаѓате со каравани од приватни автомобили кои ги загушија патиштата во предградијата и го влошија сообраќајниот шпиц.

Вие сте најголемите консументи на произведени добра во историјата на човештвото кои морате постојано да ги апдејтирате за да останете во тренд. Целата ваша забава доаѓа од електронски уреди. Згора на тоа, луѓето кои ве бодрат се истите оние луѓе кои инсистираат на вештачко пумпање на популацијата со миграција, што ја зголемува потребата од енергија, мануфактура и транспорт. Колку повеќе луѓе имаме, толку повеќе шума и земја ќе уништиме.

Што велите за ова: да им кажете на наставниците да ви ги изгасат климите, да дојдете пешки или со точак во школо, да ги исклучите своите уреди и да прочитате книга, сами да си направите сендвич наместо да купувате готов фаст фуд? 

Ништо од ова нема да се случи. Вие сте себични, лошо образовани, морално напувани гомца поттикнати од оние возрасни околу вас кои пофтат да имаат некоја благородна кауза додека самите тонат во западниот луксуз и досега невидениот квалитет на животот. Разбудете се, пораснете и замолчете, барем додека не ги научите фактите пред да протестирате.

2 октомври 2019 - 16:29