Хеј хо! Еве ги Ласт Експедишн!

По кратка пауза од 20 и кусур години, еве ти ги нив со нова песна. Па уште и добра, јака, асфалтна, како некогаш. Го зачувале стариот оган, уиграни како што ги памтиме. Енко ја гони песната во галоп, Сецко не ѝ дава да мрдне ни лево ни десно. Дечки, има да се рокаат газови на ова во живо!

********

Еве како звучеа и изгледаа кога ги снимавме за Балкан експрес (Велес некаде уште беше Титов). А пазете и ова.

18 февруари 2019 - 22:59