Дедо е жив!

Чак Бери е човекот од кого почна сè, ама апсолутно сè од она што денес го знаеме како рокенрол музика и нејзините мал милион деривати. А токму рифовите од неговата Johnny B. Goode сe оние кои ja дефлорираа музиката, ѝ ја одземаа дотогашната невиност и неповратно ја направија дрска и секси.

 Човекот од кого Стоунси се сереа во гаќи од стравопочит кога требаше да свират заедно сè уште е на нога. Со гитара наместо со ТВ далечинско во рака. Утиња тој акорди, се губи малку по вратот, бендот му е чуден (басистот изгледа како тезгарош од Пазарџик, Бугарија)  ама, хеј, не заебавајте!

Да го гледаш него на сцена е како да гледаш како Бог пали грмушка на Синај.

Лани во Москва:

Песната, инаку, некогаш звучеше вака:

Чак Бери обично свири еднаш месечно (во среда) во Блубери Хил, на перферијата на Сент Луис.

* Ако сте ги пропуштиле неговите рецензии на панк песни, грешите.

9 декември 2015 - 09:53