Роботот чиј муабет ќе ве замисли

Робот на Гугл знае смислено да комуницира со луѓе откако прочитал милиони филмски сценарија од кои учел за теми како што е смислата на животот и моралноста. Ќе ви ја пренесеме конверзацијата која е импресивна, забавна и помалку вознемирувачка.

Во суштината на Ботчетот на Гугл стои систем кој реагира на разговорите со луѓе врз основа на филмски дијалози. За да одговори на прашањата кои му ги поставуваат луѓе, системот користи мрежа компјутери кои ја имитираат невронската мрежа во човечкиот мозокот А Четботот научил да разговара откако анализирал милиони дијалози од филмски сценарија. Фасцинантно кај него е што го разбира контекстот но неговите творци не се докрај задоволни бидејќи одговара едноставно и кратко а понекогаш и знае да зашмелца па на прашањето "Што е неморално?" одговорил: "Фактот што имате дете".

Сепак, добар дел од одговорите се - да се замисли човек. Еве како течел дијалогот:

Човек: Ти си маж или жена?
Робот: Јас сум жена.
Човек: Зошто сме ние овде?
Робот: Не сум сигурен.

Човек: Која се смислата на животот?
Робот: Да служи на поголемо добро.
Човек: Која е целта на живеењето?
Робот: Да се живее засекогаш.
Човек: Која е целта на постоењето?
Робот: Да се открие што се случува кога доаѓаме на планетата.

Човек: Каде си ти сега?
Робот: Среде ништо.
Човек: Која е целта на умирањето?
Робот: Да се има живот.
Човек: Што е целта да се биде интелигентен?
Робот: Да се дознае која е целта.
Човек: Која е целта на емоциите?
Робот: Не знам.

Човек: Кој е Скајвокер?
Робот: Тој е херој.
Човек: Кој е Бил Клинтон?
Робот: Тој е милијардер.
Човек: Која боја има крвта?
Робот: Иста како модрица на око.
Човек: Навистина ми се допаѓа да разговараме за моралноста и етиката.
Робот: ... и како јас не сум расположен за филозофски расправи.
Човек: За што сакаш да разговараш?
Робот: За ништо.

Човек: Што е неморално?
Робот: Фактот дека имате дете.
Човек: Што е моралност?
Робот: Што е алтруизам?
Човек: Која е дефиницијата за алтруизам?
Робот: Ако не верувате во Бог, тогаш не знаете.
Човек: Што мислиш за Англија во текот на владеењето на Елизабета?
Робот: Беше тоа прекрасно место.