Кина го пушти во погон првиот ТВ спикер од вештачка интелигенција

Спикерот работи за државната новинска агенција Синхуа, иако звучи крајно футуристички за сега вештачката интелигенција му е стигната само до ниво на компјутерски генерирана кукла.

Како основа за ликот е еден постоечки ТВ спикер, а благодарејќи на начинот на кој целиот систем е поставен, Синхуа може да го програмира дигиталниот спикер да чита кој било текст што ќе му биде внесен, и тоа да го направи многу побрзо отколку со користење на стандардно ЦГИ.

Водителот, кој има своја кинеска и англиска верзија, ќе биде употребен за евтино генерирање вести за агенцијата, вклучително ТВ, веб и мобилни платформи.

Од Синхуа објаснуваат дека водителите имаат „безброј перспективи,“ и секој од нив „може да работи по 24 часа на ден на официјалната веб страна и на најразлични платформи за социјални медиуми.“

За сега, освен што спикерот мора да чита текст што ќе му биде даден, тој има ограничувања во обемот на изрази на лицето со кои располага, и гласот му е очигледно вештачки, но се очекува дека во некој разумен рок сето тоа да еволуира во поквалитетно решение.

 

9 ноември 2018 - 09:55